ОВР Струга поднесе кривична пријава против 37-годишна жена од Охрид поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „одземање на дете“ по член 198 од Кривичниот законик. Пријавената го сторила делото, според сомнението наведено во пријавата, на 09.10.2026, кога навремено и според договорот не ја вратила малолетната ќерка на нејзиниот сопруг, на кого била доделена за грижа, издржување и воспитување.