На 13.07.2026 во 14:20 часот во ОВР Дебар е пријавено дека во атарот на дебарското село Горно Мелничани, маж (28) од с.Седларево, се здобил со повреди при сеча на дрва.

Тој со возило на Итната медицинска помош бил пренесен до болницата „Св. Еразмо“ во Охрид, но на пат кон болницата им подлегнал на повредите, а смрт без траги на насилство констатирал доктор од болницата.

На местото на несреќниот случај, увид извршија јавен обвинител, државен трудов инспектор и полициски екипи. По наредба на јавен обвинител, врз телото на починатиот ќе биде извршена обдукција.