Министерството за финансии подготвува ново издавање граѓанска обврзница, а деталите за каматата, рокот и износот допрва треба да бидат објавени. Министерката Гордана Димитриеска-Кочоска најави дека до крајот на годината буџетските потреби во најголем дел ќе се покриваат преку домашниот финансиски пазар.
Планирано е и рефинансирање на обврските што достасуваат. Дел од капиталните средства, пак, се пренаменуваат од проекти кај кои тендерите пропаднале или реализацијата доцни толку што парите не би можеле да се искористат годинава.