Секторот за внатрешни работи Скопје во текот на вчерашниот ден (10.06.2024) продолжи со контролите во областа на сообраќајот.
На територија на град Скопје изречени се вкупно 154 мерки, меѓу кои за возење без возачка дозвола 19 санкции, шест мерки за прекршоци што ги прават возачите на мотоцикл, 11 санкции за користење мобилен телефон при возење.
Изречени се девет мерки за некористење сигурносен појас, девет санкции за минување на затворен сигнал (црвено светло)… Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта.
ПОПУЛАРНО НА ИНТЕРНЕТ...