Секторот за внатрешни работи Скопје во текот на вчерашниот ден (07.06.2024) продолжи со контролите во областа на сообраќајот.
На територија на град Скопје изречени се вкупно 147 мерки, меѓу кои за возење без возачка дозвола 19 санкции, пет мерки за прекршоци што ги прават возачите на мотоцикл, девет санкции за користење мобилен телефон при возење.
Изречени се шест мерки за некористење сигурносен појас, пет санкции за непрописно престројување при возење…
Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта.
ПОПУЛАРНО НА ИНТЕРНЕТ...