Владата повторно ја коригира државната каса за 2026 година. Со новиот ребаланс приходите се намалуваат од 379,51 на 374,2 милијарди денари, додека расходите се спуштаат од 425,77 на 420,5 милијарди денари. Во двата случаи станува збор за корекција од приближно 86 милиони евра.
Буџетскиот дефицит останува околу 46,3 милијарди денари, односно приближно 753 милиони евра или 4,1 проценти од БДП. Владата дел од намалените приходи го поврзува со пониските давачки за горивата, а ребалансот допрва треба да ја помине собраниската процедура. 360 степени