Вашето време е вашата слобода. Веќе не мора да брзате секаде да стигнете и удобноста на домот или на канцеларијата не би ја замениле со ништо. Едноставно влеговте во овој свет на удобности, привилегии и неограничени можности кои ви ги нуди дигиталното банкарство затоа што тој значи повеќе слободно време, помалку стрес и помали трошоци.

Со дигиталните услуги и апликации на Комерцијална банка вашиот финансиски свет се доближува до вашите специфични желби и потреби, а вашите секојдневни банкарски трансакции стануваат едноставни, брзи, лесни и безбедни. Банката ви нуди современи и повеќефункционални дигитални услуги – Интернет банка, мБанка, KomPay, електронска идентификација преку OneID, со кои имате сѐ што ви е потребно за да уживате во привилегиите на дигиталниот свет.

Зошто дигиталното банкарство е толку популарно? Затоа што:

Дигиталните банкарски трансакции се поевтини од шалтерските и до 80%, така што на овојначин заштедувате пари.
Постапките за увид на сметка или плаќање преку Интернет банка или мБанка се едноставни и брзи со што заштедувате време.
Може да вршите плаќања, трансфер на пари, промена на лимити, да купувате и продавате девизи секогаш кога имате потреба од тоа, а тоа ви заштедува непотребен стрес.
Немате веќе потреба од трошење хартија и чување документација бидејќи сите ваши плаќања се сочувани и прегледни во вашиот профил на Интернет банка или мБанка, така што сѐ ви е средено и плус сте еколошки одговорни.
Вашите лични податоци во банката секогаш се навреме ажурирани благодарение на вашиот електронски идентитет OneID, без потреба да одите на шалтер, така што имате непречен пристап до разни банкарски производи и услуги секогаш кога имате потреба.
Не се грижите за безбедноста на вашиот паричник и вашите картички затоа што вашиот мобилен телефон станува вашиот паричник со бесплатната мобилна апликација KomPay.
Не е важно дали сте во град или село, на плажа или на планина и дали имате итна или редовна финансиска трансакција, можете да примате и праќате пари во секое време и со еден клик, така што немате непотребни финансиски грижи.  

Затоа не изненадува што многу клиенти веќе ги препознаваат можностите и ги користат предностите на дигиталното банкарство на Комерцијална банка. Никогаш немало подобро време за да влезете во светот на привилегиите што ви ги носи дигиталното банкарство затоа што тоа е вистинскиот одговор сѐ побрзиот свет во кој живеете.