Vestiplus.mk
+Мозаик

Зодијакот открива каков сопруг ќе биде ТОЈ: Еве кој е најдобар, а од кого треба да бегате без разлика на СЕ

Некои аспекти од знаците кои ни ги даваат ѕвездите се рефлектираат во начинот на кој се движиме и го доживуваме животот.

Секој хороскопски знак има свои карактеристики што доведува до прашањето кои хороскопски знаци се најдобрите сопрузи…

Експертот за хороскоп Силвија Смит ги рангира сопрузите, од најдобар до најлош, според хороскопскиот знак.

Рак
Во срцето на повеќето бракови се љубовта и емоционалната посветеност, а Ракот секогаш ќе бара емоционална поддршка и поврзаност од својата сопружничка. Затоа е на прво место како најдобар сопруг. Раковите како брачни партнери се чувствителни, грижливи, издржливи и силни љубовници во кревет – совршен материјал за сопругот.

Вага
Разумен, љубезен сопруг со големо срце звучи како сопруг со врвен квалитет. Ако вашиот сопруг е Вага, имате среќа затоа што тој е секогаш тука за вас кога е љубовта во прашање. Вагите навистина се трудат да го подобрат својот брачен живот и со љубов се однесуваат кон сите околу нив.

Скорпија
Скорпијата може да изгради емотивни врски исто како што може да ги урне. Меѓутоа, ако останете на „вистинската“ страна со Скорпијата, ќе откриете особини што изгледа дека се материјал за совршен сопруг. Тие се лојални, посветени, поддржувачи, заштитнички и несебични на начин на кој ниеден друг знак не е.

Јарец
Јарците често се критикувани дека се премногу практични и реални. Сепак, тоа се две неверојатни доблести кои обезбедуваат основа за силен, одржлив и стабилен брак. Обврската не ја земаат здраво за готово, а ако ви се посветат, ќе ги поместат небото и земјата за партнерот. Често ги кријат сопствените емоции, кои не ги споделуваат со секого. Откако ќе стапите во врска со Јарец и тој ќе сфати дека може да ви верува, ќе почнете да гледате зошто се на листата на најдобри сопрузи според нивниот хороскопски знак.

Риба
Сопругот Риби е добар улов. Тие се креативни, емотивни и ќе направат се што е потребно за да создадат мирна атмосфера во домот и бракот. Тие исто така ќе бидат фантастични љубезни и грижливи родители. Сепак, повремено може да го изгубат чувството за реалност, што е единствената причина поради која го зазедоа петтото место на листата на најдобри сопрузи.

Бик
Повеќето Бикови уживаат во мирна домашна средина и сакаат луксуз и удобност, па сигурно ќе изградите стабилен и удобен живот со вашиот сопруг Бик. Тој ќе биде емотивно присутен, иако можеби ќе треба малку да го насочите во таа област. На крајот на краиштата, тоа е инвестиција што создава совршен сопруг.

Лав
Тие можат да бидат исклучително приврзани и посветени на својата сопруга, домот и семејството, што е голем плус ако имате сопруг Лав. Да се биде во брак со Лав е исто како нечие скротување, тие се полни со љубов, посветени и слатки, но не се воздржуваат кога нешто ќе ги изнервира.

Близнаци
Близнаците никогаш не се здодевни. Ним им е потребна стимулација која создава среќен и забавен брак. Емоционалното поврзување им е неопходно – толку им е важно што ако на крајот не го добијат, можеби ќе го побараат на друго место. Тие се и лојални сопружници.

Девица
Девиците со задоволство ќе се смират, но тоа не значи дека секогаш ќе им биде најпријатно. Тие се лојални и посветени на сопругата, семејството и обврските, што ги прави вистински улов.

Овен
Ако сакате авантура и сакате да бидете први во сè, а не ви пречи мажот да прави што сака, тогаш ве чека забавно возење со Овенот. Тие не ги прават работите на половина и секогаш треба да бидат први во сè што може да создаде забавни авантури. А кога се ќе биде супер, Овенот ќе биде совршен партнер и ќе ве опсипува со се што ви треба во врската. Но, кога работите не одат добро, ако му е досадно или депресивно и ако сакате само мирен живот, време е да мусе тргнете од патот.

Водолија
Причината зошто Водолијата е толку ниско рангирана како сопруг не е затоа што не е лојален, па дури и емотивно поврзан. Бидејќи толку многу време поминуваат живеејќи во сопствените глави, тешко дека ќе можат да ви ја покажат емотивната посветеност што ја чувствуваат за вас на начин на кој вие би можеле да го разберете, иако тие ќе ве сакаат на свој начин.

Стрелец
Сопрузите Стрелец се забавни и полни со живот, но единствениот проблем е што тешко им е да бидат лојални. Тоа не значи дека сите сопружници Стрелец ќе изневеруваат, но во основа тие се љубители на се, вклучително и на „другите“.

Можеби ќе ве интересира...

Татко, мајка и ќерка починале од Ковид-19 во својот дом во Тетово

В+

СДСМ: Aрсовска работи по инструкции на ДПМНЕ, прекина проект револуционерен за Скопје

Vesti +

138 санкции за брзо возење

Vesti +

Николовски: Нема да чекаме кривична пресуда за функционерите, имотот ќе се конфискува во граѓанска постапка

Vesti +

Драма на Партизанска – украл накит од жена на автобуска постојка тргајќи и’ го од вратот

В+

СДСМ: Мерки против глобалната криза, државата плаќа над 80% од сметките за струја на домаќинствата

Vesti +