Со поместување на часовникот за еден час наназад, од 31. октомври почнува зимското сметање на времето, со што времето во 3 часот ќе се смета како 2 часот.

Последните години во Европа, па и во земјава се води јавна дебата дали е потребно да дојде до прекин на сезонските промени на времето од зимско во летно и обратно.

Иако промената на времето е во принцип корисна за заштеда на енергија во текот на летото, очигледно има повеќе недостатоци отколку предности.

Поместувањето на часовникот отсекогаш бил избор за секоја држава – не постои закон што вели дека часовникот мора да се помести. Во моментов, повеќето европски земји и скоро цела Северна Америка го поместуваат часовникот двапати годишно, додека остатокот од светот се откажа од поместување на часовникот или никогаш не го ни поместил.