Тимот на новиот мандатар Димитар Ковачевски бележи поголемо присуство на жени министерки коишто ќе влезат во новиот владин состав. Ковачевски во својот тим ги вклучува Славица Грковска како вицепримерка за борба против корупција и криминал, Славјанка Петровска како министерка за одбрана, Јована Тренечвска како министерка за труд и социјална политика и Бисера Костадиновска—Стојчевска како министерка за култура.

Славица Грковска ќе го преземе местото како вицепремиерка за борба против корупција и криминал, одржлив развој и човечки ресурси. Грковска е поранешна пратеничка од редовите на СДСМ. Во својот пратенички мандат, Грковска се јавува во улога на координаторка на клубот на пратенички во 2010 година којшто функционира како женско претставничко тело во Собранието. Таа е магистерка по математички науки и е поранешна асистентка на Природно математичкиот факултет.
За министерка за одбрана е назначена Славјанка Петровска којашто носи искуство како заменик-министерка за внатрешни работи во техничката влада. Петровска е дипломирана правничка којашто има искуство во полето на одбраната, како и европските перспективи на Западен балкан и европеизацијата на Северна Македонија.

Јована Тренчевска го презема министеркосто место во Министерството за труд и социјална политика. Тренчевска претходно беше директорка на Државниот инспекторат за труд којшто има значајна улога во претставувањето на мерката „недела неработен ден“. Како магистерка по социолошки науки, идната министерка носи и претходно искуство во меѓунардони организации коишто ставаат токму фокус на женските права и родовата еднаквост како УНДП и UNWOMEN.

Министерството за култура ќе биде предводено од Бисера Костадиновска- Стојчевска, актуелна пратеничка на СДСМ. Костадиновска- Стојчевска е докторка на науки и професорка на Педагошкиот факултет на Универзитетот Свети Климент Охридски во Битола.

Формирањето на тимот на Ковачевски со жени министерки е поради широкото професионално и експертско искуство на идните министерки во своите ресори, а и како дел од концептот 50-50 којшто СДСМ го практикува за поголема вклученост на жените.