Холивудскиот актер Џек Николсон не е виден јавноста повеќе од една година, а неговите блиски пријатели стравуваат дека актерската легенда страда од деменција.

Трикратниот оскаровец ги живее своите „тажни, последни денови“ во вила на Беверли Хилс, пренесуваат странските медиуми.

“Џек и јас сме пријатели со години и тој никогаш не излегува од својата куќа. Синот и ќерката се грижат за него”, рекол негов пријател.

Иако актерот има пет деца, најчесто се фотографира во друштво на ќерката Лорен и синот Рај. “Физички е добро, но психички не е најдобро. Навистина е тажно да се види како актер како Џек си заминува на овој начин”, рекол изворот.

Славниот актер ја одигра својата последна улога во филмот „Како знаеш“ (“How Do You Know”) од 2010 година.