Земјотрес со јачина од 2,4 степени според Рихтеровата скала се случи утринава во 1 часот и 31 минути недалеку од Љубљана.

Епицентарот на земјотресот, кој се случи во 01:31 часот, бил во близина на Иванчна Горица, на 29 километри од Љубљана, соопшти Европскиот медитерански сеизмолошки центар (EMSC).

Земјотресот го почувствуваа многу жители на централна Словенија, а некои од нив ги споделија своите искуства на веб-страницата на ЕМСЦ.

„Се слушна бучава, а потоа брзо се затресе“, „Краток и бучен звук“, „Едвај се почувствува“ се дел од коментарите што граѓаните на Словенија ги оставија во врска со земјотресот утринава.

Интензитетот на земјотресот не го надмина нивото IV според Европската сеизмичка скала.