Земјотрес со јачина од 4,3 степени според Рихтеровата скала го погоди Либан.

Либанската национална канцеларија за геофизика соопшти дека земјотресот бил регистриран во осум часот по локално време.

Снимен е на 61 километар од медитеранскиот град Сидон.

Земјотресот е почувствуван на југот на Либан, но и во Палестина и Израел.

Нема човечки жртви или материјална штета.