Телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Македонија, со станици во Скопје, Валандово, Охрид, Штип и Пехчево, одржувана од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, денес, 9.3.2022 година, регистрира земјотрес чии епицентар припаѓа на Скопското епицентрално подрачје.

Според досегашните податоци со кои располага опсерваторијата земјотресот се случи во 9 часот и 48 минути со Рихтерова локална магнитуда M L 2.0 и интензитет од III степени според Европската макросеизмичка скала, а беше почувствуван од населението во Скопје и околината.