Телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Северна Македонија, на сеизмолошките станици инсталирани ширум нашата територија, одржувани од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, денес 24.02.2024 година во 11 часот и 00 минути регистрираше земјотрес чиј епицентар се наоѓа 119 km југозападно од Скопје, во соседна Република Албанија, со Рихтерова локална магнитуда ML3.1.

Според досегашните податоци со кои располага опсерваторијата, земјотресот е почувствуван во југозападниот дел од Републиката, во Струга и околината, со интензитет од III степени според Европската макросеизмичка скала.