Рускиот претседател Владимир Путин утрово најави дека започнува делумната мобилизација на населението, а според проценките, во неа ќе бидат вклучени околу 300.000 руски граѓани, главно од поруралните делови на земјата, а поради тоа претседателот на Украина, Володимир Зеленски, итно реагираше.

Прво го „искаса“ Путин и рече дека не смета дека ќе употреби нуклеарно оружје како што се заканува со месеци, а рече и дека одамна знаат за рускиот план кој официјално беше објавен пред два дена наутро.

– Не го гледав говорот на Путин, тоа не ми е омилен тип на снимка… Ги имам сите информации што ми требаат и тој говор не беше ништо ново за нас. Нашите служби и службите на нашите сојузници го знаат тоа долго време Путин се мобилизираше во текот на претходниот месец – рече Володимир Зеленски во интервју за германски „Билд“.

Зеленски додаде дека одлуката на Русија за делумна мобилизација покажува дека Владимир Путин има проблеми со армијата и со бројот на војници на бојното поле, додавајќи дека знаат дека одамна вклучиле и кадети во армијата, момци „кои не знаат да се борат“: „Не помагаат ниту обуките, тоа се луѓе кои не знаат да се борат. Дојдоа кај нас и загинаа“, рече претседателот на Украина, кој рече дека планот на Путин е да ја удави Украина во крв, дури и ако ги вклучува неговите сопствени војници.

Претседателот на Украина рече дека се уште има земји во светот кои „не разбираат дека Путин веќе ја изгубил војната“, односно додаде дека не само што изгубил од Украина – туку изгубил и од својата земја и цел свет и демократија.