Украинскиот претседател Володимир Зеленски објави ново видео на својот канал Телеграм.

Во него тој посочи дека во текот на изминатата недела украинските вооружени сили му нанеле силни удари и значителни загуби на непријателот.

„Велат дека министерот за одбрана на Русија исчезнал некаде… Се прашувам дали тој лично сакал да ја посети Чернобаевка?“, праша Зеленски.