Во ноќното обраќање, украинскиот претседател Зеленски ги предупреди Украинците дека руските сили кои се повлекуваат во близина на Киев, оставаaт мини во целата област, ​​вклучувајќи ги и областите околу домовите и телата што останале.

„ Тие ја минираат целата територија. Минираат куќи, ја минираат опремата, дури и телата на убиените. Поставија многу жици и оставија зад себе многу други опасности“, рече Зеленски.

Тој претходно рече дека руските сили се повлекуваат „полека, но забележливо“.