Украинскиот претседател Володимир Зеленски објави ново видео во кое предупреди дека војната нема да запре.

Зеленски кажа дека се бранат многу подолго од што очекувале Русите, но смета дека ова не е војна само против Украина, туку ќе продолжи со шест други држави.

„Русија има капацитет во моментов да ги нападне Полска, Молдавија, Романија, Летонија, Естонија и Литванија, доколку падне Украина“, вели Зеленски.