Претседателот на Украина Володимир Зеленски повторно и се обрати на нацијата преку својот Фејсбук профил.

– Денеска е благословена недела. Но, нема да простиме стотици и стотици жртви. Илјадници и илјадници оние кои страдаат. И Бог нема да прости. Не денес. Не утре. Никогаш. И наместо Прочка, ќе има суден ден – напиша Зеленски во описот на видеото.

– Русија најави дека утре ќе ја бомбардира нашата одбранбена индустрија. Повеќето од нив се наоѓаат во нашите градови, а цивили се во близина. Тоа е убиство, едноставно убиство. И не видов ниту еден светски лидер, ниту еден западен политичар да реагира на тоа денес. Размислете за чувството на неказнивост што го имаат окупаторите однапред да ги објават своите ѕверства! Сите затоа што нема реакција. Ниту збор. Денеска како да ги нема сите западни лидери. Се надевам дека барем утре ќе го забележите, и ќе реагирате на тоа – рече тој во своето обраќање.

– Храброста на агресорите е јасен сигнал до Западот дека воведените санкции не се доволни. Не можете да се скриете од оваа реалност. Не можете да се скриете од нови убиства“, рече Зеленски.

Тој рече дека денеска во еден украински град е убиено четиричлено семејство.

– Денеска во Ирпин загинаа четиричлено семејство, родители и две деца додека се обидувале да го напуштат градот. Нема да простиме. Нема да заборавиме. Ќе ги казниме сите што направија злосторства во оваа војна. Ќе го најдеме секој ѓубре што ни ги гранатираше градовите, нашите луѓе, што пукаше проектили, што даваше наредби – рече Зеленски.

– Нема да имате мирно место на оваа земја – освен гробот – заклучи тој.

Зеленски ја додели почесната титула „Град херој“ на градовите Харков, Чернихив, Мариупол, Керсон, Хостомел и Волноваха. Тоа е упатување на советската традиција: 12 градови на Советскиот Сојуз ја добија оваа титула по Втората светска војна.