Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека руските сили се подготвуваат да ја бомбардираат Одеса, град на брегот на Црното Море на Украина.

„Ракети против Одеса? Ова ќе биде воено злосторство“, рече Зеленски во телевизиско обраќање.

Тој истакна дека не е доцна руските граѓани да се обидат да ја запрат оваа војна.

„Ова е време кога можеме да го победиме злото, кога не е доцна. Руски граѓани, ова е борба не само за мир во Украина, ова е борба за нашата слобода Ако молчите сега, во иднина само вашата сиромаштија ќе зборува во ваше име. Не молчете“, порача Зеленски.

Тој нагласи дека Украина заробила припадници на руската армија и зборуваше за доказите што ги нашле кај затворениците.

„Стотици руски војници и пилоти фрлаа бомби врз нашите градови, ги слушнавме нивните сведоштва, видовме документи, докази како мапи. Ова не е некоја импровизирана војна, тоа е намерна, одлучна намера. Тие ја планираа оваа војна“, рече тој, нагласувајќи дека Женевската конвенција се почитува во односот кон воените заробеници.

Зеленски рече дека руската армија не ги постигнала своите цели, но дека речиси 10.000 руски војници загинале во борбите.