Украинскиот претседател Володимир Зеленски рече дека е подготвен да преговара со рускиот претседател Владимир Путин, но предупреди дека ако било каков обид за преговори не успее, тоа може да значи дека борбата меѓу двете земји може да доведе до трета светска војна.

„Подготвен сум да преговарам со него. Подготвен сум во последните две години. И мислам дека без преговори не можеме да ставиме крај на оваа војна“, изјави Зеленски во ексклузивно интервју за Си-Ен-Ен.

„Ако има само 1% шанса да се запре оваа војна, мислам дека треба да ја искористиме оваа можност. Мораме да го направиме тоа“, порачал тој.

Секојдневно губиме луѓе, невини луѓе на теренот“, рекол Зеленски, пишуваат регионалните медиуми.