Украинскиот претседател Володимир Зеленски вечерва кажа дека почнала руската офанзива на источна Украина.

„Сега може да кажеме дека рускте војници почнаа битка за Донбас, за кој долго се подготвуваа. Голем дел од руската војска е посветен на тој дел“, кажа Зеленски.

И гувернерот на Луганската област кажа дека вечерва почнала офанзива од страна на рускте сили во источна Украина.

„Тоа е пекол, почна офанзивата за која зборуваме со недели“, вели тој.