Украинскиот претседател Володимир Зеленски, коментирајќи ја војната во Украина, рече дека само победа би била прифатлива за неговата земја.

„ Победата на вистината значи победа на Украина и на Украинците. Прашањето е кога ќе заврши. Тоа е длабоко прашање. Тоа е болно прашање. Освен победа, украинскиот народ нема да прифати никаков исход“ рече Зеленски.

На прашањето на новинарите на што е „подготвен да се согласи“ за да се обезбеди мировен договор.

„ Ние не тргуваме со нашата територија. Прашањето за територијалниот интегритет и суверенитет не доаѓа предвид“ нагласи тој.

Зеленски рече дека неговата земја бара обврски од „водечките нации“ дека безбедноста на Украина ќе биде заштитена со договорот доколку сака да се согласи на деескалација со Русија и го повтори своето уверување дека Украина ќе биде корисен додаток на НАТО.

„ Тешко ни е да зборуваме за НАТО бидејќи НАТО не сака да не прими“, рече Зеленски.

„ Мислам дека тоа е грешка, бидејќи ако влеземе во НАТО, ќе го направиме НАТО многу посилен. Ние не сме слаба држава. Не предлагаме да не зајакне на сметка на НАТО… Ние сме додаток, ние сме локомотива. Мислам дека сме една од важните компоненти на европскиот континент“ порача украинскиот претседател.

Тој додаде дека разговарал со претседателот Бајден и му рекол дека би сакал САД да бидат вклучени во безбедносен договор кој ќе обезбеди долгорочна поддршка на Украина во решавањето на можноста Русија повторно да изврши инвазија во иднина. Зеленски рече дека САД „го разгледуваат овој предлог“.

На прашањето што сака Путин да добие во овој конфликт, Зеленски рече дека Путин сака се што му дава Западот и дека „апетитите обично растат“.

„ Колку повеќе им давате, толку повеќе им расте апетитот“, рече Зеленски, додавајќи дека Путин ќе ја продолжи својата агресија во Европа надвор од Украина и дека ќе го добие она што го сака „ако не го спречат сега“.

Зеленски рече дека „сите мора да знаат дека украинската армија ќе одговори со полна сила ако не притиснат во аголот“. Тој додаде дека неговата војска не сака панцирни елеци и специјални шлемови, туку претпочита тешко оружје.

„ Дајте ни ракети, дајте ни авиони, не можете да ни дадете Ф-18 или Ф-19 или што и да имате, дајте ни стари советски авиони“, рече Зеленски.