Тие се тоа што се, изјави украинскиот претседател Володимир Зеленски за телевизијата Фокс за баталјонот Азов.

Вели дека најголем дел од единицата Азов е опколена во индустрискиот центар на градот Мариупол, каде трпат тешки загуби од неколкунеделната опсада.

„Тие ја бранат нашата земја. А да ви објаснам дека сите такви батаљони подоцна беа вклучени во редовната украинска армија. Борците Азов веќе не се самостојна група, тие се дел од украинската армија. Во 2014 година имавме случаи кога наши доброволци беа опколени и притоа тие ги кршеа законите на Украина. И за тоа беа судени, и осудени на затвор“, рече Зеленски.

Русија тврди дека Азов вршеле воени злосторства над цивили. Рускиот претседател Владимир Путин дури еднаш изјави дека луѓето во Донбас не се кучиња скитници. Едно од барањата на Русија е денацификација.