Украинскиот претседател Володимир Зеленски инсистира на средба во која било форма со неговиот руски колега Владимир Путин.

– Верувам дека без оваа средба е невозможно целосно да се разбере што тие (Русите) се подготвени да направат за да ја запрат војната – рече Зеленски во интервју за Суспилне, украински регионални државни медиуми.

Зеленски рече дека секој компромис постигнат во преговорите со Русија ќе биде ставен на референдум во Украина. Тој се осврна и на прашањето за членството на Украина во НАТО.

– Сите веќе го сфативме тоа. Не прифаќаат нас (во НАТО), бидејќи тие (земјите членки) се плашат од Русија. Тоа е се. И ние треба да се смириме и да кажеме: „Во ред, (ќе бидат потребни и други безбедносни гаранции). Има земји од НАТО кои сакаат да бидат гаранти на безбедноста (на Украина) … кои се подготвени да направат се што би требало да направи Алијансата доколку ние бевме членка. И мислам дека тоа е нормален компромис – рече Зеленски.

Зеленски рече дека на првата средба со Путин бил подготвен да покрене прашања за безбедносните гаранции и прекин на огнот.