Претседателот на Украина Володимир Зеленски се обрати преку Фејсбук, каде апелираше до сите Украинци да направат се што е можно за да ја заштитат својата земја, каде и да се.

– Апелирам до сите Украинци. Каде и да сме. Направете се за да ја заштитите нашата земја. Да го спасиме нашиот народ. Борете се. Борете се и помогнете. Избркајте ги овие робови! Избркајте ги окупаторите – рече Зеленски.

Претседателот на Украина рече дека е неопходно тоа да се направи за да живее Украина.

– Значи сите живееме со тоа. Слободно и мирно. Која многу ја сакаме. Слава на Украина – нагласи Зеленски.