Украина денеска го затвори својот воздушен простор за цивилни летови поради високиот безбедносен ризик, откако Европската агенција за воздухопловна безбедност (ЕАСА) ги предупреди авиокомпаниите да избегнуваат летови над Украина.

Украинската служба за воздушен сообраќај на својата веб-страница објави дека воздушниот простор за цивилни летови е затворен и дека услугите на воздушниот сообраќај се суспендирани.

ЕАСА денеска ги предупреди авиокомпаниите да избегнуваат летови над Украина.

Тие ги повикаа компаниите да бидат „крајно внимателни“ во воздушниот простор на 100 наутички милји (185 километри) од белоруско-украинската и руско-украинската граница.