Нешто повеќе од една третина од германските возачи планираат да го остават својот автомобил дома поради огромниот скок на цената на горивото на бензинските пумпи, пренесува агенцијата Дпа.

Имено, тоа го покажаа резултатите од истражувањето објавено денеска.

Анализата на YouG откри дека 22,9 отсто од возачите веќе го прават тоа, додека други 12 отсто имаат намера да возат помалку во иднина.

Според агенцијата, парите се главниот фактор овде: 49 отсто од испитаниците изјавиле дека сакаат „да ги тргнат нозете од гас“ за да „заштедат пари“. За 16 отсто од нив заштитата на животната средина е причина за ваквата одлука, додека 14,9 отсто од Германците сакаат да посветат повеќе време на вежбање. Околу половина од возачите користат автомобил најмалку пет пати неделно.

Војната во Украина донесе скок на цените на горивата на невидени нивоа во Германија, потсетува агенцијата, бидејќи бензинот во моментов чини во просек 2,09 евра за литар, а дизел горивото е 2,16 евра, покажуваат податоците на автомобилската асоцијација ADAC.

Возачите со помалку скрупули дури би можеле да се свртат кон друга тактика за да ги намалат трошоците за гориво: кражба. „Може да се претпостави дека кражбите ќе се зголемат“, изјави портпаролот на Федералната асоцијација BGL за dpa. Но, не информираат за секој случај бидејќи ретко се пријавуваат вакви кражби“, рече тој.