– Европската банка за обнова и развој, ги повлече 100те милиони евра заем наменети за поддршка на АД ЕСМ и полесно справување со последиците од енергетската криза, велат од СДСМ.

– Повлекувањето доаѓа откако со месеци ВМРО-ДПМНЕ го блокираше законското решение грубо лажејќи дека со него ќе се затвореле енергетските капацитети РЕК Битола и РЕК Осломеј.

Заради деструктивноста на Христијан Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ државата, граѓаните останаа без 100 милиони евра помош во време на криза.

Не е првпат државата финансиски да биде оштетена од страна на ВМРО-ДПМНЕ, слично беше и со заемот од Светска банка за време на кризата со коронавирусот, кога тогашаната заменик министерка за финансии Гордана Кочовска Димитриевска не го потпишуваше заемот.

Како и многу пати досега, ВМРО-ДПМНЕ не само што не помага, туку во време на криза и одмога на државата.

Тоа е срамно, ниско и неодговорно однесување на Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ и тоа ќе го судат и ценат и граѓаните, додаваат од владејачката СДСМ.