Занаети кои исчезнуваат – Улицата на јорганите во скопската чаршија остана со само два дуќани
Vestiplus.mk
+ЛокалноТОП ВЕСТИ

Занаети кои исчезнуваат – Улицата на јорганите во скопската чаршија остана со само два дуќани

Останаа само двајца јорганџии, на улицата на јорганџиите во старата скопска чаршија. Еден од нив е Нусрет Агуши, кој со овој занает се занимава уште од детството.

Педесетгодишниот Агуши занаетот го добил од својот уста (мајстор), од кого го добил и дуќанот во кој рачно шие традиционални јоргани.

Тој за порталот Градска.мк вели дека работата ја работи со цело срце иако има малку работа. Според него, во последно време доаѓаат луѓе и ги поправаат старите јоргани кои ги наследиле од роднините.

„Се трудам да ја додадам мојата креативност на стариот занает за да имаме малку поголема продажба“, вели Агуши.

Според него, на туристите многу им се допаѓаат јорганите и перниците што ги правиме, но поради нивната големина не можат да ги купат.

Тој е загрижен бидејќи можеби е последната генерација што се занимава со овој занает, неговите деца го знаат занаетот, но немаат интерес да работат на него бидејќи нема никаква корист.

Н.Ш

извор Градска.мк

Можеби ќе ве интересира...

Костадиновска-Стојчевска: Дигитализацијата на картотеките во Институтот за македонски јазик е патриотизам манифестиран со дела

Vesti +

Јанчева: ВМРО-ДПМНЕ и Арсовска да ја отстапат реконструкцијата на Универзална сала на Владата, 30.03.2023

Vesti +

Пивара Скопје одбележа 100 години постоење, одржлив развој и партнерство со заедницата

Vesti +

Лариса Дир: Русија изврши повеќе од 500 злосторства против новинарите – 57 украински и странски новинари беа убиени, десетици се во руско заробеништво

Vesti +

Шилегов на Телма: Попишани се над 130 илјади дрвја во градот, до март ќе имаме катастар и на блоковското зеленило

В+

Pari.com.mk открива: ВЕРУВАЛЕ ИЛИ НЕ-Сега можеме да купиме повеќе литри бензин отколку пред 10 години!

В+