Витаминот Д е витамин кој помага во подобра апсорпција на калциум и фосфор во телото, имајќи голема улога во градењето и одржувањето на здравјето на коските.

Покрај главните улоги, витаминот Д има и други важни улоги, меѓу кои е способноста директно да делува на имунолошкиот одговор на телото.

Нашето тело го произведува овој витамин само кога кожата е изложена на сончева светлина, но го внесуваме во телото и преку храната.

Еве кои намирници содржат најголеми количини на витамин Д:
1. Лосос
Лососот е добро позната масна риба и во секој случај е еден од најдобрите извори на витамин Д.

2. Млеко
Отсекогаш било познато дека млекото е извор на калциум, но дали знаевте дека може да биде извор и на витамин Д? И кравјото и млекото од соја се богати со витамин Д, чија консумација го подобрува функционирањето на вашето тело.

3. Сок од портокал
Оние кои не сакаат млеко секогаш можат за појадок да посегнат по свежо цеден портокал. Ова овошје е полно со витамин Д и е совршен избор за почеток на денот.

4. Жолчка
Можеби жолчката никогаш не се сметала за многу здрав дел од јајцето, но можеме да потврдиме дека содржи витамин Д, кој е неопходен за функционирањето на телото. Сега можете да се опуштите и да јадете повеќе јајца.

5. Масло од црн дроб на треска
Ако никогаш не сте слушнале за оваа храна, сега е совршено време да го направите тоа. Оние кои не сакаат риба секогаш можат да посегнат по ова масло, кое е одличен начин за внесување на витаминот Д во организмот.

6. Печурки
За време на изложување на сонце, печурките почнуваат да произведуваат витамин Д2, а претходните истражувања покажаа дека многу малку растенија ја имаат оваа карактеристика.

Луѓето, од друга страна, произведуваат витамин Д3 при изложување на сонце. Поновите истражувања покажаа дека витаминот Д2 е исто толку ефикасен како и витаминот Д3.

7. Црвено месо
Иако црвеното месо не е најздравиот вид на месо, важно е понекогаш да го вклучите во исхраната. Особено оние видови богати со витамин Д, имено говедско и јагнешко месо.

8. Туна
Конзервираната туна е одличен природен извор на витамин Д, а добрата работа е што таа е лесно достапна храна која не мора да ве чини цело богатство.

9. Житарици и овесна каша
Иако не се толку богати со витамин Д, житариците и овесната каша секако можат да ви помогнат да го зголемите нивото на витамин Д во вашето тело.