Земјите кои снабдуваат оружје за Украина, вклучително и планот на Словачка, си создаваат проблеми, изјави портпаролката на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова.

„Ако се донесе таква одлука, не само во Словачка, туку и во други земји – тогаш си создаваат проблеми“, вели Захарова.

Со свои раце создаваат директни проблеми – ги коментираше Захарова медиумските наводи дека Братислава наводно решила да му испорача на Киев системи за противвоздушна одбрана од советско производство.