Заев за Законот за земјоделско земјиште: Секоја педа обработливо земјиште ја ставаме во функција на ресурс за економски развој, а земјоделецот добива повеќе, ништо не губи
Vestiplus.mk
+МАКЕДОНИЈА

Заев за Законот за земјоделско земјиште: Секоја педа обработливо земјиште ја ставаме во функција на ресурс за економски развој, а земјоделецот добива повеќе, ништо не губи

Претседателот на Владата Зоран Заев, на седницата за пратенички прашања во Собранието на Република Северна Македонија посочи на придобивките за економијата и за земјоделците од Законот за земјоделско земјиште.

„Со новиот Закон дефинитивно ние го штитиме земјоделското земјиште од секаков вид на недоречености или злоупотреби евентуални при управувањето на администрацијата со менаџментот на земјоделското земјиште. Ниту еден земјоделец нема да изгуби земјоделско земјиште кое што го користи од државата. Ако сака да го купи, ќе може да го купи, ако не сака да го купи може да продолжи да го користи на концесија. Не може државата да му наметне како сака, не може да биде на друг дадено, заради што е кај него на користење. Со овој Закон му даваме можност за развој на земјоделството, затоа што нема банка, на индивидуален земјоделец или на правен субјект, да му даде соодветно кредитно покритие за развој на самите земјоделски површини или земјоделско производство. Затоа денеска сè уште е неокрупнето земјоделското земјиште во државата. Затоа нашиот земјоделец работи на еден декар и прави ненормално повисоки трошоци отколку што прави земјоделецот дури и во соседните земји, да не зборувам во Шпанија, Турција, Италија… Самите наши соселани, граѓани се трудат од тоа што го земат, од субвенции, нешто што ќе извадат, да вложат. Но, не можат да купат трактори и големи механизации, не можат да купат нови механизми, системи за унапредување на продуктивноста по хектар, не можат да се осовременуваат и усовршуваат и да бидат конкурентни за тоа што го работат. Целата е, кога произведува домат, жито, јаболко, тутун, грозје, зелка, лубеница, што било, да постигне конкурента цена на чинење со цените со коишто се натпреваруваме на меѓународните пазари. Ако кај нас чини земјоделското производство, не знам, за производство на килограм домат 20 денари, во Турција, во Италија, во Шпанија чини 12 денари или 20 центи – и ние не можеме да оставиме вака да бидеме, на крајот на опашката во оваа глобална конкуренција на пазарите на коишто ги продаваме нашите призводи“, објасни премиерот Заев.

Тој рече дека во државата има расположливи 240 илјади хектари, а во функција се само 130 илјади хектари земјоделско земјиште, дека земјиштето е запуштено, необработено, неискористено. Премиерот Заев посочи дека Законот за продажба на земјоделско земјиште е донесен 2013 година, од претходната власт, но дека не е ставен во функција заради тоа што немало решение кој може да го купи и на кој начин закупецот кој долги години го користел би бил оштетен и како тоа би било надоместено, односно давал општа несигурност за самите земјоделци, што со новиот Закон за земјоделско земјиште сега се решава во полза на земјоделците и економијата.

„Земјоделско земјиште треба да го ставиме во функција на развој, затоа што тоа е наш потенцијал, ние немаме море, нафта, гас или слично, за да ги развиваме нашите економски потенцијали. Со новиот Закон ќе се овозможи секоја педа обработлива државно земјоделско земјиште да биде во функција, а тоа е најголемата цел на овој Закон, да го ставиме овој драгоцен ресурс максимално во функција“, порача премиерот Заев.

Повеќе од интернетот…

  • Centar.mk
  • Biznispro.com
  • Zena.mk
Брнабиќ: Преку Отворен Балкан увозот од Северна Македонија порасна за 56%, големи придобивки имаат сите

Голема благодарност до претседателот на Владата, Димитар Ковачевски, но и на сите во Собранието што придонесоа за тоа да се ратификуваат договорите од Отворен Балкан, за да можеме конечно да ги имплементираме договорите, рече српската премиерка Ана Брнабиќ. -Така граѓаните и стопанството уште повеќе ќе видат корист од оваа иницијатива.... Прочитај повеќе...

Брнабиќ: Северна Македонија е водечка земја во Отворен Балкан, а приклучувањето во иницијативата е економски паметна одлука

Српскиот културно-информативен центар во Париз ќе се даде на користење на промоција на иницијативата „Отворен Балкан“, кажа српската премиерка Ана Брнабиќ. -Република Северна Македонија и нивното министерство дадоа согласност за програмата за промоција на Отворен Балкан. Бев во контакт со албанскиот премиер Еди Рама, за и нивното министерство да даде... Прочитај повеќе...

МВР презема мерки за пронаоѓање на двете девојчиња, повозрасната од нив повеќе пати  бeгала и била враќана дома

Јавноста веќе е вознемирена поради случајот со исчезнатото дванаесетгодишно довојче од скопска Гази Баба. Како што раскажаа нејзините родители за Фокус, таа исчезнала додека била на училиште, а се работи за типична и нормална тинејџерка која нема тајни пред своето семејство. Тие велат дека последен пат е видена на училиште... Прочитај повеќе...

Следува предвремена исплата на пензиите – ова се датумите кога ќе биде исплатена пензијата

Владата на Република Северна Македонија, на денешната седница, ја разгледа и усвои Информацијата од Министерството за труд и социјална политика за исплата на пензии за месец март 2023 година. Задолжен е Фондот за пензиското и инвалидското осигурување на Северна Македонија да ги достави податоците за пензиите до деловните банки најдоцна до 27.03.2023 година. Се препорачува […] The post Следува предвремена исплата на пензиите – ова се датумите кога ќе биде исплатена пензијата appeared first on BiznisPRO. Прочитај повеќе...

Граѓаните ќе може да добиваат поврат до 8.400 денари од лице годишно, наместо досегашните 7.200 – Мерката “Мој ДДВ” дава резултат и за граѓаните и за државата

Во собранието се изгласа предлог измената на Законот за враќање на дел од ДДВ на физички лица. Оваа измена е со цел од 1 јануари 2023 да се зголеми лимитот на повратот со што наместо 1.800 денари за тримесечие, граѓаните ќе може да добијаат максимален износ од 2.100 денари. Ова значи дека еден граѓанин ќе […] The post Граѓаните ќе може да добиваат поврат до 8.400 денари од лице годишно, наместо досегашните 7.200 – Мерката “Мој ДДВ” дава резултат и за граѓаните и за државата appeared first on BiznisPRO. Прочитај повеќе...

Нова цена на горивата

Регулаторната комисија за енергетика денеска ќе стокми нови цени на горивата кои ќе важат во текот на следната седмица. Во моментов цената на лондонската берза за барел нафта изнесува 83 американски долари, додека на американската е поевтина. Во моментов цените на горивата се – Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 95 82,00 (денари/литар), Моторен бензин ЕУРОСУПЕР […] The post Нова цена на горивата appeared first on BiznisPRO. Прочитај повеќе...

Еве што се случува во телото на жената за време на ПМС: Хормоните се главни виновници за се

Најголема улога во женското репродуктивно здравје имаат хормоните кои регулираат голем број процеси во организмот. Така, под влијание на хормоните може да се забележат одредени појави во телото на жената во текот на менструалниот циклус, како физички така и емоционално. Покрај тоа што главните симптоми на менструацијата се болни грчеви во стомакот, најверојатно жената ќе... Прочитај повеќе Чланак Еве што се случува во телото на жената за време на ПМС: Хормоните се главни виновници за се се појављује прво на Zena.mk. Прочитај повеќе...

СТАНЕТЕ КРАЛИЦА НА ФЛЕРТОТ, А ЕВЕ И КАКО – Седум трикови за заведување на кои мажите никогаш не можат да одолеат

Ако мислите дека физичкиот изглед е главниот фактор за успешно флертување, вие сте осудени на неуспех. Самодовербата и шармот се поважни од физичкиот изглед. Изгледот е, да не се лажеме, важен, но без шарм и уште неколку ситници е недоволен за успешно заведување. Секако, секој има своја тактика за заведување, но постојат одредени испробани трикови... Прочитај повеќе Чланак СТАНЕТЕ КРАЛИЦА НА ФЛЕРТОТ, А ЕВЕ И КАКО – Седум трикови за заведување на кои мажите никогаш не можат да одолеат се појављује прво на Zena.mk. Прочитај повеќе...

Не сте сигурни дали тој е вистинскиот? – Овие 5 прашања треба да си ги поставите по три месеци врска

Бидете искрени со себе бидејќи од тоа зависи иднината на вашата врска. Откако ќе поминат првичниот занес и огномет од емоции, секоја врска достигнува точка на прекршување. Тогаш е време да се преиспитате себеси и вашите чувства и да одлучите дали врската има иднина или не. Сосема е нормално дека во одредени ситуации нема да... Прочитај повеќе Чланак Не сте сигурни дали тој е вистинскиот? – Овие 5 прашања треба да си ги поставите по три месеци врска се појављује прво на Zena.mk. Прочитај повеќе...

Можеби ќе ве интересира...

Приведен дилер од Охрид

Vesti +

Крвава физичка пресметка во локал во Јурумлери, уапсени повеќемина

Vesti +

263 санкции за брзо возење

Vesti +

Преговорите со ЕУ ќе ги отстранат сите пречки во областа на трговијата, започна билатералниот состанок за Поглавје 1

Vesti +

Во картонска кутија на Граничниот премин ,,Табановце” од страна на полицијата пронајдени се банкноти од апоени во денари, евра, швајцарски франци, американски долари и турски лири

Vesti +

Изречена 161 мерка за пребрзо возење на тетовско-гостиварското подрачје

Vesti +