Заев за Танјуг: Во моментот губиме милијарда евра чекајќи на границите
Vestiplus.mk
+Во тренд...МАКЕДОНИЈА

Заев за Танјуг: Во моментот губиме милијарда евра чекајќи на границите

 Кога ќе ја напуштам мојата Струмица, и додека не стигнам во Белград, Горњи Милановац или Нови Сад, патарините ќе ми бидат пониски за пет отсто, можеби дури и за 10 отсто и тоа ќе важи за сите Македонци, Срби и Албанци. Хотелите исто така ќе понудат 10 отсто попуст за сместување и за рестораните за граѓаните од „Отворен Балкан“,изјави премиерот на Северна Македонија Зоран Заев во ексклузивно интервју за ТВ Танјуг.

 -Губиме една милијарда евра чекајќи на границите. Нашите безбедносни системи и Министерствата за внатрешни работи имаат одлична соработка и споделуваат работи за евентуална борба против криминалот и корупцијата. Заедно ќе инвестираме во веројатно најголемата фотоволтаична централа од околу 700 мегавати, изјави Заев.
Тој нагласи дека мора да се работи на меѓудржавните врски, како и на врските на нашите економии, комори, уметниците од сите области.
 
-Мислам дека ќе постигнеме голем успех за сите граѓани. Европа работи со нас и ни помага, но додека ја чекаме Европа, можеме да се европеизираме – Србија да ги отвори првите кластери преку кои ќе затвори многу од нејзините поглавја, како и додека Црна Гора е на тој пат, потоа Албанија и ние додека чекаме да го добиеме кандидатскиот статус. Тоа е нешто што ние го чекаме 16,5 години, кажа Заев.

Како што изјави, со истите размислувања зборува со претседателот на Србија, Александар Вучиќ и со премиерот на Албанија, Еди Рама.

Можеби ќе ве интересира...

МОН: Стабилна е состојбата со Ковид-19 во училиштата, само 0,02 отсто од вкупниот број на ученици се новозаразени

В+

Анализа: Дали Влатко Ѓорчев манипулира? – Во 2012 бензинот во Македонија се точел за 88,50 денари по литар, а минималната плата била 8080 денари

В+

Топлината е најопасна за кучињата од овие раси: Еве како да ги заштитите во текот на летото

Vesti +

Маркоска: Усвоен ребалансот, следуваат повисоки, плати, пензии и нови антикризни мерки

В+

ВО ЖИВО: Венко Филипче закажа прес конференција за во 19 часот

В+

Приведен криминалец баран со потерница

Vesti +