Заев за Танјуг: Од 1 јануари 2023 година нема повеќе граници меѓу Србија, Македонија и Албанија
Vestiplus.mk
+Во тренд...МАКЕДОНИЈА

Заев за Танјуг: Од 1 јануари 2023 година нема повеќе граници меѓу Србија, Македонија и Албанија

Балканот веќе не е темпирана бомба, туку симбол на пријателство, а регионалната иницијатива „Отворен Балкан“ сега ни создава можности да направиме многу и сами да го подобриме квалитетот на животот на граѓаните, изјави премиерот на Северна Македонија Зоран Заев во ексклузивно интервју за ТВ Танјуг.

Тој посочи дека кога го зборува тоа, говори со истите размислувања со претседателот на Србија, Александар Вучиќ и со премиерот на Албанија, Еди Рама, и додаде дека во наредниот период, и покрај негативните реакции што доаѓаат од Приштина, Сараево и Подгорица, кои се безначајни, бидејќи ставовите на граѓаните според анализите што ги видел се позитивни, верува дека на оваа иницијатива ќе се приклучат и другите земји.
 
-Што е тука лошо ако дејствуваме заедно во случај на пожар, поплава или земјотрес. Ние тројно ги зголемуваме нашите капацитети, што значи повеќе спасени животи, како и заштитени имоти, кажа Заев, порачувајќи дека фокусот во наредниот период ќе биде границите меѓу Албанија, Србија и Северна Македонија да работат на принципот „Без задржувања, само тргни“. Ако се надминат слабостите на администрацијата, на 1 јануари 2023 година, нема да има граница меѓу нашите земји.
 
Заев нагласи дека тоа ќе биде отворен простор и дека ДДВ ќе се поврзе на софтверски начин, така што, доколку камион тргне од Нови Сад за Гевгелија, сите податоци за ДДВ ќе минуваат низ еден систем.
 
-Губиме една милијарда евра чекајќи на границите. Нашите безбедносни системи и Министерствата за внатрешни работи имаат одлична соработка и споделуваат работи за евентуална борба против криминалот и корупцијата. Заедно ќе инвестираме во веројатно најголемата фотоволтаична централа од околу 700 мегавати, изјави Заев.

Можеби ќе ве интересира...

158 санкционирани возачи во Скопје, 67 за брзо возење

Vesti +

МЗ: Сите документи се спремни за увид, целосна поддршка за истрагата

Vesti +

Расте бројот на земји коишто делумно или целосно ја забрануваат апликацијата ТикТок

Vesti +

Заев од Радовиш: Ја заштитивме нашата национална посебност, го подигнавме економскиот стандард, ја гарантираме иднината за граѓаните – тоа е Најдоброто

В+

Се плаши дека ќе биде отруен: Путин отпушти 1.000 вработени, меѓу кои готвачи, пералки, секретарки …

В+

Спасовски – Костадиновска-Стојчевска: Преземањето на Благодатниот оган директно од Ерусалим е историски чин за македонските граѓани

Vesti +