„Не можете во секојдневието, кога работите, да гледате низ призмата Македонци и Албанци, како што прави нашиот политички опоненет. Го поздравувам секој исчекор кој што оди кон концептот на граѓаните, доволно беше етнички заедници во државата“ рече премиерот Заев во гостувањето на ТВ Шења.

Тој додаде дека Охридскиот рамковен договор е исполнет, преку 20 отсто од вработените во јавната администрација се Албанците, употребата на јазикот е донесена, сега треба граѓаните да се гледаат еднакво.

„Ако е добар во образованието, во праксата, дај му предност, ако не е добар, гледај како да му помогнеш. Секој ден и јас и Мицокски и Ахмети и Зијадин Села сме на терен и гледаме какви потреби имаат граѓаните. Секојдневието е нивна потреба, на сите децата им се најважни, комуналната инфраструктура, економскиот стандард“ рече Заев.

Тој додаде дека внатрешните договори за подобрување на кохезијата меѓу Македонците и Албанците, но и сите други во земјата на крајот на денот се поради подобар стандард за сите.