„Не можете во секојдневието, кога работите, да гледате низ призмата Македонци и Албанци, како што прави нашиот политички опоненет. Во Собранието еден куп закони се блокирани поради тоа што биле за Албанците. Во нивните кругови има такви радикални структури и тоа докажани членови на ВМРО-ДПМНЕ кои зборуваат за чиста Македонија“ рече премиерот Зоран Заев во неговото гостување на ТВ Шења.

Тој додаде дека за жал нема подобрувања во ВМРО-ДПМНЕ за градењето на едно општество за сите, бидејќи се уште постојат радикалните структури во партијата.

Заев кажа дека во минатото бил критичен кон ДУИ на оваа тема, но призна дека оваа партија започнува да се менува.

„Еве го ДУИ, спроведе попис. А исто беше ДУИ во Владата кога не се спроведе пописот. Значи не било до ДУИ, било до ВМРО-ДПМНЕ. Сега со СДСМ успеа пописот, ама тогаш Ѓорчев тргна по Фејсбук по видео линија да ги попишува Македонците од надвор, истото тргнаа и ДУИ да го прават и на крајот сфатија дека ако продолжат така ќе не извадат 3,5 милиони и го прекинаа пописот“ рече Заев.

Тој кажа дека чекорот кој го направи ДУИ и се фокусираше на зелената агенда, наместо на етничките прашања е модерен и нормален.

„Јас знам во секојдневието што ни се случува, при секојдневните одлуки, при фер распределби, се гледаат аспектите на бројот на жители, бројот на населените места, територијата на општината и слично. Не се гледаат повеќе Македонци и Албанци и така треба да биде“ потенцираше Заев.