Заев за грчки весник: Не постои политичка сила која може да ги наруши добрите односи меѓу Северна Македонија и Грција
Vestiplus.mk
+МАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Заев за грчки весник: Не постои политичка сила која може да ги наруши добрите односи меѓу Северна Македонија и Грција

„Нема доволно силна и бројна политичка опција која може да ги наруши пријателските односи меѓу државите Северна Македонија и Грција и меѓу граѓаните на овие две држави“ вели експремиерот Зоран Заев во изјава за грчкиот весник „Efsyn“.

Тој додава дека постојат радикални политички групи кои имаат анти-зпаадни наративи, но нашите институции и општества нема да дозволат тие да ја загрозат иднината.

„Затоа е важно да ги поддржуваме сите иницијативи кои овозможуваат поврзување и соработка меѓу државите и граѓаните, за екстремните гласови да останат изолирани од двете страни“ смета Заев.

Според експремиерот двете држави и граѓаните во двете држави денес градат пријателства и добрососедство, за разлика од тоа што се случуваше од 1991 до 2018.

Можеби ќе ве интересира...

Едита и Тамара уапсени во Дубаи: Скандалот почнал во авионот

Vesti +

Црн ден: Починаа 30 лица, најмладите имаа 23 и 34 години – еве колку се новозаразени

В+

Нов потрес во Турција – тлото не мирува

Vesti +

Големо апсење утрово по полноќ во Скопје: Пронајдени дрога и пиштол, лишен од слобода дилер

Vesti +

Приведени дилери во Скопје, пронајдена дрога

Vesti +

СДСМ: Ковачевски има економски план, 2023 ќе биде година на пресврт и економски раст

Vesti +