Премиерот Зоран Заев на својот фејсбук профил упати порака по повод Меѓународниот ден на демократијата.

Во годината кога Република Северна Македонија слави 30 години независност и самостојно учество во животот на заедницата на народите, пишува Заев, го славиме и големиот принцип – дека демократијата доаѓа од народот за да му служи на народот.

Според Заев, денешниот ден е потсетник дека демократијата е двонасочен дијалог меѓу граѓаните во општеството, застапувано од политичките претставници за да владее доброто управување.

-Во нашата Република Северна Македонија демократијата ја градиме на инклузивноста, на еднаквоста на сите без исклучок, и само како таква е темел за одржлив развој и за почитување на човековите права.
Негувањето на демократијата и на демократските институции ја зајакнува кохезијата во нашето општество и го издвојува приоритетот за обединување за да ги оствариме врвните државни интереси и главните национални приоритети, наведува Заев.