Крушево ве сакам сите, така велеше Тоше, градот на Мечкин камен и Македониум, на Питу Гули и Никола Карев на Васил Илјоски и Никола Мартиновски им се обрати претседателот на СДСМ и премиер Зоран Заев на граѓаните на трибината „Најдоброто за нашата општина“ во Крушево.

– До изборите имаме седум дена, а тоа ќе биде денот кога на оние со реден број 7 ќе им го нанесеме седмиот последователен пораз. Убеден сум дека ќе биде така оти народот знае два пати да мери, а еднаш да пресече. Четири години СДСМ ја предводи владата и најголем дел од општините на меѓународен план ја вративме државата на вистинскиот пат, станавме 30 земја членка на НАТО и се вративме на патеката кон ЕУ, овозможивме отворен пазар, туристичка соработка, регионална економија, дополни Заев.

Тој посочи дека Владата предводена од СДСМ успеа да го подигнестандардот, да реализира капитални инвестиции.

-Инвестиравме во проекти што живот значат, над 100 км патишта, над 60 градинки, 80 училишта, 34 болници, проекти со повеќе од 500 милиони евра, 50 милиони евра за долговите на општините, а реализиравме над 7000 проекти, појасни Заев.

Тој рече дека преку проектите за регионални патишта извршена е санација на улици и патишта во вредност до 2 милиони евра по општина.

-Градевме одговорно, ние немаме грешни проекти како оние што ги наследивме од режимот, не градиме за да се фалиме, туку да ја модернизираме секоја општина, да има подобри услови за живот. Над 100 милиони евра се распределени по сите општини за водоводи, канализации и прочистителни станици, затоа денес пред вас со чист образ бараме поддршка бидејќи зад себе имаме докази, како беше во ВМРО-ДПМНЕ, како е сега. Само во Крушево се реализирани проекти вредни над 6 милони евра, над 50 километри патишта, водоводи и канализации, спортска сала, параглајдинг клуб, дополни Заев.

Тој најави дека предвидено е Крушево  да се гасифицира за се заштити природата и да заштедат домаќинствата, се планира нов систем на вода за да немаат граѓаните проблем со водоснабдувањето, нови патишта, привлекување на туристи во секој дел од годината и поддршка од Владата за сите проекти.

Претходно во текот на денот премиерот Заев ги потсети и општините Македонски Брод, како и Долнени.