Поранешниот претседател на СДСМ и премиер на државата Зоран Заев вечерва во Струмица присуствува на трибината „Силно и одлучно кон иднината“ која се одржува во организација на СДСМ.

Заев кој беше бурно поздравен од своите сограѓани во преполната сала, беше придружуван од својата сопруга Зорица, како и од поранешниот министер за здравство и некогашен потпретседател на СДСМ, Венко Филипче.

Трибината „Силно и одлучно кон иднината“ е првиот партиски настан на кој јавно учествува и довчерашниот претседател Зоран Заев.