„Очекувам верификација на политиките. Моите очекувања се дека ќе оствариме чиста победа. Според мене чиста победа е Градот Скопје, каде што живее една третина од граѓаните, поголем број на освоени општини, поголем број на советници и поголем број на гласови. Тоа е чсита победа и верувам дека ќе успееме во тоа“ кажа премиерот Зоран Заев во неговото гостување на „24 анализа“.

Тој додаде дека е свесен дека е тешко да се повтори доминантната победа од 2017 година, но сепак најави дека верува дека граѓаните ќе го изберат најдоброто и победата на СДСМ ќе биде јасна и видлива.

„Имаме подобри личности од политичките противници. На овие избори партиите не се толку важни. Верувам дека имаме подобри кандидати и дека ги најдовме најдобрите личности“ кажа премиерот Зеав.

Тој додаде дека кандидатите за градоначалници и советници се бирале преку анкети и истражувања на членството на партијата, но и на граѓаните кои живеат во опшнитите.

„Кога го бирате најдобриот, ги гледате досегашните постигнувања во животот, проверувате теренски анкети, еден, два, три пати и го истакнувате тоа што е најдобро во очите на граѓаните“ кажа Заев.