Во период пред нас планираме нови инвестиции, но и силна поддршка на малите бизниси во општините, за луѓето да ни останат тука, во своите општини, порача денеска од Неготино претседателот на СДСМ Зоран Заев

Претседателот Заев истакна дека развојот на локалната економија го унапредува квалитетот на живот на граѓаните во општините, а кандидатите за градоначалници, меѓу кои и Тони Делков кандидатот за градоначалник на Неготино, се посветени да работат чесно и домаќински, за да граѓаните да живеат достоинствено во современи и развиени општини, а не во заробени и задолжени општини.

„Со Тони Делков во изминатите четири години сработевме многу за Неготино, но ќе направиме уште повеќе во следните четири. Во следниот мандат заедно со Делков ќе реализираме Сообраќајно решение на влезот во Неготино – со што ќе се овозможи проток на сообраќајот и високо ниво на безбедност во сообраќајот во делот каде што се поврзуваат регионалниот пат Неготино – Кавадарци и илиците „Индустриска“ и „Маршал Тито“, изградба на јужна и северозападна заобиколница и изградба на секундарна дистрибутивна гасоводна мрежа во Неготино – целта е зголемување на конкурентноста на локалната економија и пристап на сите корисници до еколошки и евтин енергенс“ порача Заев.

Заев ги повика граѓаните на 17 октомври да гласаат за број 12, за Тони Делков и советничката листа на СДСМ и Коалицијата затоа што тие се гарант дека локалниот економски развој на Неготино ќе продолжи.