Денеска ние знаеме да се корегираме на мала гласност од населението кога некој ќе ни каже дека нешто не е добро. Не сме најпаметните да знаеме се, но го слушаме народот и има слобода и демократија, кажа премиерот Зоран Заев, во гостувањето на 24 телевизија. Тој додаде дека со победата на изборите презел одговорност за спроведување на програма за која граѓаните дале поддршка и е логично за директори да бидат поставувани и политички лица кои би ја имплементирале таа програма.

-Досегашниот директор на тетовската болница е член на ДУИ, но тој сепак е доктор. Нашата определба е доминантно да бидат доктори затоа што ги знаат предизвиците на лекарите. Директорот на тетовската болница е партиско политички определен, но е доктор и ја презема одговорноста, а секако тука е и честа. Во такви околности ги ставаме на позиција луѓето кои ќе ја спроведуваат програмата, кажа Заев прашан дали директорот е партиски кадар и зошто 12 годинаи е вршител на должност.

-Не знам од каде ви е информацијата дека 12 години бил вршител на должност. Знам дека во еден период д-р Атила раководеше со тетовската болница, додаде Заев.

Премиерот истакна дека е логично да се постават на раководни позиции лица кои се согласуваат со владината програма, иако има примери во дел од претпријатијата каде раководители на сектори „единствено гледаат да направат пречки“.

-Не можете раководител на сектор да чепнете и да го поставите скалило наназад, бидејќи така е според законот и веднаш одлуката ќе падне на суд, заклучи Заев.