Фејсбук статус на премиерот Заев:

Денеска членовите на #СДСМ го избраа новиот претседател на партијата, на демократски внатрепартиски избори.

Му честитам на Димитар Ковачевски и му посакувам успех.

Им честитам на сите членови на СДСМ кои гласаа на внатрепартиските избори и со тоа покажаа висока демократска свест и однесување.

СДСМ денес гласаше достоинствено и европски, за стабилна македонска иднина.

Очекувам посветеност, одговорност, отворен пристап и прогресивно политичко дејствување, во интерес на сите граѓани на Северна Македонија и во интерес на социјалдемократското семејство.

Да живее СДСМ.