До сите православни христијани, како и до членовите на Синодот на МПЦ-ОА и до свештенството и монашките братства и сестринства, упатувам честитки по повод празникот – Успение на Пресвета Богородица, се вели во честитката на премиерот Зоран Заев по повод денешниот голем празник која ја пренесуваме во целост:

Празникот на радоста и љубовта, со кои го славиме успението на Богородица во Царството Божјо после нејзината смрт, ни потврдува дека во димензиите на вечноста овие вредности се исто така – вечни.

Празникот нѐ потсетува и на тоа дека под притисок на минливите и дневни искушенија, да не забораваме да ги споделуваме овие вредности, љубовта и радоста, заедно со добрината.

Сигурен сум дека сите тие стануваат решливи доколку им приоѓаме со добрина, љубов и радост.

На тоа нѐ повикува и овој голем празник. Ова се времиња кога како добри луѓе треба да покажеме грижа за другиот, да си помагаме, меѓусебно да си пружиме рака и заедно да се надеваме на подобра иднина на сите нас, во нашата татковина.
Нека ни е честит празникот Успение на Пресвета Богородица.