„ Заврши времето кога на големците не можеше името да им се спомне. Летаа одмазди и закани на сите страни. Но да знаете, додека сум јас тука – тоа нема да се повтори. Премиерот е и ќе продолжи да биде прв меѓу еднаквите, ништо повеќе. А, таков мора да биде и градоначалникот“ кажа премиерот и лидер на СДСМ, Зоран Заев, во неговото обраќање пред вториот круг од локалните избори.

Премиерот додаде дека пред граѓаните излегува искрено, без оправданија, без изговори и без тајни планови.

„ Некои велат дека искреноста била мојата слабост, други ќе се насмеат на некој гаф од јавните настапи, но јас сум тој, Зоран Заев, еден од вас, еден од народот. Па, не си божество ако си премиер“ рече Заев.

Тој ги повика граѓаните да излезат во недела и да заокружат за тоа какви и кои политичари треба да ги водат граѓаните, а со тоа и државата.