Со Отворен Балкан покажуваме дека нешто можеме и сами да направиме во делот на нашата европеизација, во делот на нашата соработка. Во делот на она што значи поголем респект од Западна, од Северна, од Источна Европа спрема Југоисточна Европа, изјави екс-премиерот Зоран Заев.

– Отворен Балкан е создаден за заедништвото, за нашите цели, а тоа е и Европската Унија. Можеби Србија не е за НАТО, тие сакаат неутрален статус. Но едно е сигурно, Србија, Северна Македонија и Албанија се за Европската Унија. И тука нема дилеми вели Заев.