Парите не ги трошиме на камења и барок, градиме патишта, водоводи, училишта, галиите ги заменивме со велосипедски патеки, паркови, ние ги слушаме потребите на граѓаните, а ВМРО-ДПМНЕ уште го слушаат Грувски, оној кој заедно со нив ги полнеа своите џебови, меѓу кои е и Мицковски еден од подобрите негови соработници, рече петседателот на СДСМ и премиер Зоран Заев, на митингот на СДСМ во Велес.

– Две третини од нивните поранешни функционери се осудени криминалци, не смееме да дозволием да помине, тоа не се проекти, тоа не се брокји туку пари за провизии тајни набавки и криминал Можеме да бидеме Швајцарија на Балканот, а тие сакаат да не вратат во минатото, во плановите и програмите, парите да не одат кај граѓаните туку во скапиот бел дворец, додека не се реформира ВМРО-ДПМНЕ не може да ја добијат довербата на граѓаните, а треба да се посветат на транспарентна полити, заедништвото е заради поглем стандард и среќа на децата, победуваме во Велес, рече тој.

Тој рече дека над 16 милони евра се инвестирани во инфраструктура во Велес и околку Велес, патишта, учици, туристички проект игралишта учлилишта остварени со поддршката на централната валст и секако со општината. 

-Четрири години сме исправени на правец да ја трасформираме државата на подобно, сега и овде пред наши очи , Северна Македонија е демократска и слободна земја, членка на НАТО, почитувана во регионот и во светот, постигнавме успеси кои претходно беа недостижна цел.

Сега сме држава со најголема сигурност и транспарентност, за тоа нема поголема потврда дека државата е на вистинскиот пат и назад нема, тоа носи напредок на државата и развој на општините.